Турската полиција преговора со киднаперите на обвинителот

Се водат преговори со две лица кои го киднапираа обвинителот Мехмет Сели Кираз во суд во Истанбул, изјави шефот на полицијата во Истанбул Селјами Алтинок.

Членови на турската левичарска група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување, денеска го зедоа како заложник Кираз кој е обвинител за делото за убиството на тинејџерот Беркин Елван при протестите во паркот Гези во 2013 година.

– Правиме напори да нема жртви при решавањето на кризата, изјави Алтинок за НТВ.

Членовите на Револуционерната партија се заканија дека ќе го убијат Кираз ако турските власти не исполнат нивни барања. Таа група е пргласена за терористичка од Турција, ЕУ и САД откако презеде одговорност за убиства и бомбашки напади во Турција во 70-те години од минатиот век.