Турската полиција приведе 11 џихадисти во акција против Исламска држава

Единаесет лица осомничени за џихадизам се уапсени денес во голема операција на турската полиција против борци на Исламска држава.

Оваа масовна полициска операција е изведена со поддршка на хеликоптери.

Апсењата се изведени неколку дена пред средбата на врвот на Г-20 во летувалиштето Анталија, во јужна Турција, која ќе се одржи на 15 и 16 ноември.

Полицијата изврши претреси на над 20 адреси во различни квартови на Истанбул.

Меѓу приведените има седуммина странци.

Операцијата се уште е во тек. Се очекуваат уште апсења.

Минатата недела турската полиција во Анталија приведоа 20 лица, осомничени за врски со Исламска држава.