Турската полиција со солзавец против демонстрантите во Анкара

Турската полиција денеска употребила солзавец за да ги растера стотиците демонстранти во центарот на Анкара, пренесе „АФП“.

Стотици турски граѓани се собраа денеска во главниот град на Турција, за да побараат ослободување на војници кои биле осудени за заговор против Владата.

Силите на редот користеле солзавец и водени топови за да ги одбијат демонстрантите кога тие се упатиле кон Парламентот.

Демонстрациите се одржа на повик на неколку здруженија.