Турската полиција уапси 12 осомничени припадници на ИД

Турската полиција уапси 12 осомничени припадници на ИД
Турската полиција уапси 12 осомничени припадници на ИД

Дванаесет лица, за кои постои сомнеж дека се припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), се уапсени во операција на турската полиција во округот Бурса во северозападниот дел на Турција, објави денеска електронското издание на весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Весникот, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека бројот на уапсените осомничени припадници на ИД во реонот на Бурса би можел да се зголеми по распитот на досега приведените лица.

Операцијата била спроведена доцна синоќа во три општини во градот Бурса, при што се упсени 12 лица, кои се товарат дека одржувале врски со членови на ИД во Сирија.

Покрај во Бурса, полицијата спровела и операција во округот Газиантеп во југоисточна Турција, при која бил извршен претрес на куќа за која посител сомнеж дека ја користат членови на ИД.

При претресот на куќата, припадниците на антитерористичката единица на турската полиција не пронашле докази за противзаконски активности.