Турската полиција уапси четворица осомничени за пожар во интернат во кој загинаа 12 лица

Турската полиција уапси четири лица осомничени за подметнување пожар во интернат во кој загинаа 12 лица. Меѓу уапсените е и директорот на интернатот.

Останатите осомничени се приведени по трагедијата што се случи во вторникот навечер во интернат во јужниот турски град Адана.

Загинаа 11 ученички и една службеничка. Според дел од извештаи на турски медиуми, во пожарот загинала и 4-годишна ќерка на директорот на интернатот. Причина за пожарот е најверојатно неисправна електрична инсталација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.