Турската полиција употреби солзавец и водени топови против илјадници демонстранти во Анкара

Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови против неколку илјади демонстранти, кои се собраа во Анкара, за да му оддадат почит на 15 -годишното момче кое вчера почина од здобиените повреди за време на антивладиниот протест во јуни, минатата година пренесе „АФП“. Петнаесет годишното момче повеке од 200 дена беше во кома, при што вчера им подлегна на повредите.

Демонстрантите собрани на централниот плоштад во турската престолнина, извикуваа антивладини слогани и се обидоа да го попречат движењето, што ја предизвика интервенција на силите на редот.