Турската полиција врши претрес во воената база Инџирлик

Tурските истражители и полицијата извршиле претрес на воената база Инџирлик, во која се сместени војници на НАТО алијансата.

Анадолија пренесува дека седуммина обвинители на кои им е доверена истрагата за неуспешниот воен удар во Турција, заедно со полицијата влегле и извршиле претрес на воената база Инџирлик, која се наоѓа на југот на земјата.

Воената база Инџирлик ја користат војниците на НАТО, особено американските, но и останатите коалициони партнери. Во неа се чува и нуклеарно оружје.