Турската полиција заплени 100 килограми хероин

хероин

Како што јави телевизијата НТВ, дрогата била пронајдена во скриен багажник во долниот дел на автобусот, кој патувал кон Истанбул.

Запленетата дрога била спакувана во повеќе коверти на кои имало натписи на арапски јазик.

Под обвинение за шверц на наркотици, полицијата уапсила три лица, меѓу кои и возачот на автобусот.