петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 65

Турската полиција заплени три тони експлозив

Турската полиција во еден минибус во округот Мардин во источна Турција, пронајде три тони експлозив за кој се претпоставува дека бил наменет за Курдската работничка партија, објави весникот „Хуриет“.

133125384

Последни вести

Полициска патрола синоќа се обидела да го запре минибусот за рутинска контрола во градот Јешили, но возачот одбил да застене, што предизвикало сомнеж кај полицајците, кои отвориле оган кон возилото, стралајќи во тркалата.

Возилото продолжило и натаму да се движи со оштетени гуми, доаѓајќи до една крстосница, каде возачот излегол од минибусот и побегнал во непознат правец.

При претресот на возилото полицајците во него пронашле речиси три тони експлозив,

Полицијата започнала акција за пронаоѓање на возачот на минибусот, кој е осомничен за тероризам.

Најчитани вести