Турската Влада ќе поднесе до Парламентот предлог-закон за реформи на судскиот систем

Турската Влада денеска ќе поднесе до Парламентот предлог-закон за судските реформи, што предвидува укинување на специјалните судови, кои во последните години изрекоа пресуди за стотици војници, пренесе „АФП“.

Кабинетот сака законот да биде изгласан пред општинските избори на 30 март.

Законот предвидува надлежностите на специјалните судови да бидат префрлени на обичните кривични судови.

Минатата недела премиерот Реџеп Таип Ердоган ја објави иницијативата, која беше усвоена како обид за предизвикување на симпатиите на армијата и световните средини.

Законот исто така предвидува ограничување до пет години на максималното времетраење за превентивно задржување, како и ограничување на телефонските прислушувања, по наредба на судиите.