Турската Влада отпушти полициски началници во 16 провинции

Турската Влада отпуштила полициските началници во 16 провинции во земјата, пренесува „АФП“ повикувајќи се на турски медиуми.

На овој начин властите продолжуваат со чистка во националната полиција како резултат на корупцискиот скандал, што ја потресе Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и целиот турски народ.

Меѓу разрешените се началниците на полицијата во големите градови како Измир, Анталија, Дијарбекир и главниот град Анкара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.