Турската војска и сириските бунтовници влегоа во Африн

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека центарот на сирискиот град Африн веќе е целосно под контрола на сириските борци поддржани од Анкара, откако курдските Сили за заштита на народот се повлекле.

Според портпарол на Слободната сириска армија, сојузниците на Ердоган, тие влегле во градот во саботата ноќта и не наишле на отпор, бидејќи курдските борци во текот на утрото се повлекле од градот.

Сепак, според Сирискиот центар за човекови права, турската армија и сириските бунтовници зазеле два кварта од градот Африн, но борби траат и понатаму, јави АФП

Силите предводени од Турција неделава го опколија Африн предизвикувајќи егзодус од градот, од кој деновиве избегале 150.000, според курдски извори.

Турската војска помогната од сириските бунтовници ја започнаа воената операција против енклавата Африн на 20 јануари отворајќи нов фронт во сириската граќанска војна која трае веќе осум години.

Анкара го смета курдските единиц од Африн за терористичка организација поврзана со курдските бунтовници во Турција.