Балкан

Турската војска нема да дозволи да биде вовлечена во скандал

Турската војска нема да дозволи да биде вовлечена во скандал

Tурската војска соопшти дека нема да дозволи да биде вовлечена во коруоциски скандал поради кој премиерот Реџеп Таип Ердоган ја реконструираше владата бидејќи три министри,чиишто синови се уапсени во рамките на истарагата, поднесоа оставка.

Еден од советниците на Ердоган наведе дека корупцискиот скандал би можел да биде заговор за да се поттикне државен удар.

Владата порано соопшти дека истарагата е дел од планот да се собори кабинетот. Турската војска изведе три воени удари од 60-те години, но во текот на една деценија од власта на Ердоган, нејзиното влијание значително е намалено.

Критичарите го обвинуваат Ердоган за политички маневри да спречи ново апсење во рамките на истрагата за нелегално префрлување на пари во Иран и мито за за граѓански проекти, вклучувајќи ја и смената на полициските и правосудните органи.

Турскиот премиер вчера изјави дека верува дека тој е вистинска места за корупциската истрага во која се уапсени синовите на министрите за внатрешни работи, економија и животна средина, кои потоа поднесоа оставки.