Турската војска продолжува со бомбардирање на позиции на ПКК во Ирак

Турција продолжува со бомбардирање на позиции на ПКК во Ирак
Турција продолжува со бомбардирање на позиции на ПКК во Ирак

Турски авиони-ловци продолжуваат да бомбардираат позиции на курдските борци во северен Ирак вчера и денеска, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Во воздушните напади се постигнати мошне ефективни резултати, посочи премиерот.

Турција ги интензивираше воздушните напади врз позиции на Курдската работничка партија (ПКК), откако борците од групацијата во неделата убија 16 турски војници, најсмртоносен напад на ПКК од прекинот на примирјето во јули.

Турската војска ги почна напаите врз позициите на Курдската Работничката партија (ПКК) како одмазда за нападот во кој беа убиени 16 турски војници.

Турската војска нападна позиции на ПКК
Турската војска нападна позиции на ПКК

Два турски авиони Ф-16 и два авиони Ф-14 бомбардираа 13 цели на ПКК, а воените операции „одлучно“ продолжуваат и покрај многу лошите временски услови, јави извор од турските сили за безбедност, пренесува Танјуг.

Судирите се врв на серијата напади од јули и прекинот на примирјето при што загинаа повеќе од 70 припадници натурската војска и над стотици борци на ПКК.

ПКК ја презеде одговорноста за смртта на турските војници еден ден порано во нападот на воен конвој во областа Даглика во провинцијата Хакари во близина на границата со Ирак кој беше најкрвавиот напад од јули.

Две наши оклопни возила претрпаа голема штета откако на нап детонирале експлозивни направи од рачна изработка. Како резултат на експлозијата имаше и ранети, наведува ПКК без наведување на бројот на нивните жртви.

ПКК која се смета за терористичка организација во Европа и Соединетите Американски Држави, води тридеценски бунт против турската влада, за време на кој се убиени 40.000 луѓе.