среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 35

Турски авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Tурските авиони не летале во формација и не биле вооружени. Сите авиони биле идентификувани и пресретнати во согласност со меѓународното право.

avioni

Последни вести

Два турски борбени авиони вчера четири пати го нарушиле грчкиот воздушен простор во североисточниот и југоисточниот дел на Егејското Море, соопштија грчките власти.

Според грчкиот Генералштаб, како што јави дописникот на МИА од Атина, турските авиони не летале во формација и не биле вооружени. Сите авиони биле идентификувани и пресретнати во согласност со меѓународното право.

Грчките медиуми коментираат дека инцидентот се случува откако беа објавени информации дека минатиот месец подморници на турската морнарица постојано влегувале во грчки територијални води во Егејското Море и по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и други владини претставници со кои го доведоа во прашање Договорот од Лозана, кој ги постави границите на модерна Турција, по падот на Отоманската империја.

Најчитани вести