Турски борбени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Формација од шест турски борбени авиони вчера двапати го нарушиле грчкиот воздушен простор над североисточниот дел на Егејското Море, јави дописникот на МИА од Атина.

Претставници на грчкото Министерство за одбрана соопштија дека авионите, од кои два биле вооружени, биле избркани од грчки авион.

Локалните медиуми коментираат дека нарушувањето на воздушниот простор се случува само неколку недели пред грчки и турски дипломати да започнат разговори за мерки за градење доверба меѓу двете земји.