Турски државјанин повреден во сообраќајка кај Куманово

Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 17:20 часот во Кумановско, соопшти денеска полицијата.

Турскиот државјанин, 34 годишниот Е.А., кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот ГП Табановце -Скопје со намера да се приклучи на магистралниот пат Крива Паланка-Кумановово, кон Крива Паланка, изгубил контрола, преминал на левата сообраќајна лента и удрил во патничко моторно возило „таврија“ кое го управувал 58 годишниот кумановец Т.А., кој се движел од Крива Паланка кон Куманово.

Турскиот државјанин се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Кумановската болница бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Кумановецот и неговата сопатничка од автомобилот С.А. (1960) се здобиле со повреди.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа на СВР Куманово

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.