Македонија

Турски експерти ќе проектираат мини хидроакумулации

Турски експерти ќе проектираат мини хидроакумулации

Експерти од турското министерство за шумарство и водостопанство понудија стручна помош на земјава за  проектирање на мини хидроакумулации.

Ова е договорено денеска на средбата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, со претставници на Министерството за шумарство и водостопанство на Турција.

Изградбата на овие мали хидроакумулации претставува голема помош за индивидуалните земјоделски производители во производството на земјоделски култури, напомена Димовски.

Турските експерти ветија помош со своето знаење и искуство во проектирањето на предвидените мали хидроакумулации.

Во текот на оваа недела предвидени се теренски посети на системите за наводнување. Предлог локација за мала хидроакумулација веќе постои.

По проектирањето на овие мали хидроакумулации, турските експерти, во следната фаза предвидуваат и воспоставување на системот за наводнување капка по капка.