Турски компании на средби со македонски фирми

Поради воспоставување на билатерални деловни контакти, турски компании денеска ќе дојдат во Скопје на средби со македонски фирми.

Потенцијалните деловни партнери се од регионот Испарта, познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), рози и суровини – екстракти од рози за повеќе индустриски намени, овошје и зеленчук, особено јаболка и цреши, хемиски материјали и текстил.

Стопанската комора на Македонија и Регионалната индустриска комора на Испарта, Република Турција се организатори на овој бизнис форум, а по крајот на официјалниот дел, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори.