Турски конзул влегува во трка со Наумоски за претседател на МКФ

Вонредното Собрание за избор на нов претседател на МКФ нема да мине така мирно како што беа прогнозите, откако на четири дена до неговото одржување стигнува информацијата дека Петар Наумоски нема да биде единствениот кандидат за наследник на Даниел Димевски. Легендата на македонската кошарка е предлог на иницијаторите за смена на Димевски, но последните информации говорат дека тој ќе има конкуренција од страна на Абдурахман Бајрактар.

Бајрактар е почесен конзул на Турција во Охрид, а важи за успешен бизнисмен кој во значајна мера помогнал во носење на спонзори од оваа земја токму за помош на Македонската Кошаркарска Федерција. Токму оваа способност за привлекување на нови спонзори, но и потребното бизнис-искуство што го поседува, го прават Бајрактар интересна опција за нов прв човек на МКФ, на собранието што ќе се одржи в понеделник.

Повеќе за ова прочитајте на следниов ЛИНК.