Турски ловци нападнале Курди во Југоисточна Турција

Турски ловци нападнале цели на Курдската работничка партија (ПКК) во Југоисточна Турција во неделата, во првата значајна воздушна операција против бунтовниците од почетокот на мировниот процес пред две години, пишува денеска „Хуриет“, објави МИА.

Воздушните напади нанеле „големи штети“ врз ПКК, наведува „Хуриет“. Тие беа преземени три дена по нападот од страна на ПКК врз воен пункт во округот Хакјари во близина на границата со Ирак.

Од турската армија нема коментар за оваа информација.