ФОТО+ВИДЕО: Турски патнички авион ја промаши пистата при слетување во Непал

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 238 патници ја промаши денеска пистата при слетување на аеродромот во Катманду и се приземји во блиско поле, пренесува МИА.

Nepal Turkish Plane

Некои од патниците поминале со полесни повреди.

При слетувањето имало густа магла, а пистата била лизгава по дводневни дождови.

Авионот полетал од Истанбул по седумчасовен лет половина час кружел над Непал пред да се приземји од вториот обид.

APTOPIX Nepal Turkish Plane

Меѓународниот аеродром во Катманду е затворен по овој инцидент.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на турскиот авион на кои се гледа дека предниот дел на леталото е оштетен, а локални медиуми наведуваат дека при слетувањето откажале кочниците.

Патниците наведуваат дека по слетувањето во авионот се појавил чад, поради што луѓето тешко дишеле.