Турски пратеник: Треба да собориме уште еден руски авион

Турски пратеник од владејачката партија АКП на Твитер објави статус во кој вели дека „треба да соборат уште еден руски авион“. Овој статус, како што пишува „Раша Тудеј“ бил како резултат на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу ЦСКА и Фенербахче, во кој со 101 поен победник беше тимот од Москва.

Политичарот подоцна изјави дека само сакал да се пошегува, поради тоа што Фенербахќе загуби во финалето во Евролигата токму од ЦСКА од Москва.

Уште еден руски авион треба да се сруши, напиша на Твитер Самил Тајар, пратеник од редовите на АКП.

Неговиот твит бил споделен над 8.000 пати и собрал над 9.000 лајкови. Сепак не сите се сложувале со неговиот став, имало голем број негативни, па дури и навредливи коментари.

Денес тој повторно на Твитер објасни дека само сакал да се пошегува.