Турски суд забрани пристап до страници што ја објавија насловната на „Шарли Ебдо“

62

Суд во турскиот град Дијарбекир денеска го забрани пристапот до страниците, кои објавија карикатура од првата страница на новиот број на францускиот магазин „Шарли ебдо“, пишува МИА.

На првата страница на новиот број на „Шарли ебдо“, прв по крвавиот напад во редакцијата во Париз минатата недела, е прикажан пророкот Мухамед, облечен во бело и како држи слоган „Јас сум Шарли“.

Турскиот весник „Џумхуријет“ објави четири страници од денешниот број на „Шарли Ебдо“, преведени на турски јазик. Во турскиот весник не биле објавени карикатури со религиозна содржина.

Весникот, првично планирал целосно да ја објави првата страница на францускиот неделник, но главниот уредник се откажал од намерата. Поради безбедносни причини околу канцелариите на весникот беа распоредени голем број полицајци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.