Балкан

Турски тенкови преминале од граничниот град Каркамаш во Сирија

Турски тенкови преминале од граничниот град Каркамаш во Сирија

Десет турски тенкови преминале денеска од турскиот граничен град Каркамаш во Сирија, јавија турски медиуми.

Тенковите и друга техника се упатиле кон градот Џараблус.

Според телевизијата Хебертурк, тие се движат во групи од по 2-3 тенкови.

Специјална техника испратена во Сирија се користи за деминирање. Медиумите во Турција јавуваат дека од сириска територија се регистрирани експлозии и рафални истрели.