Балкан

Турски весник објавува четири страници од новиот број на „Шарли ебдо“

Турски весник објавува четири страници од новиот број на „Шарли ебдо“
Две жени се напаѓачи на американскиот конзулат во Истанбул

Турскиот опозициски весник Џумхуриет број ќе објави прилог на четири страници во кој ќе биде препечатен дел од новото издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли“.

Главниот уредник на „Шарли ебдо“, Жерар Биар изјави првично дека Џумхуриет целосно ќе го препечати со превод новиот број на Шарли ебдо и ќе го продава заедно со своето издание денеска.

– Ако требаше да изберам само еден медиум со кој сакам да работам, тоа е точно тој весник бидејќи Турција се соочува со тежок момент, изјави Биар.

По дискусии во редакцијата, било одлучено да се препечатат само четири страници од Шарли ебдо.

На насловната страница на новиот број на Шарли ебдо, прв по масакрот во редакцијата во минатата недела, е пророкот Мухамед облечен во бело и држи порака – Јас сум Шарли.

Весникот Џумхуриет е основан во 1924 година од близок соработник на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк и е силно опозиционерски на власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Весникот беше  цел на голем број напади.