Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски борбени авиони извршиле осум нарушувања на грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море, објави весникот „Катимерини“.

Од десетте турски авиони, два биле вооружени, според грчки воени извори, кои соопштија дека сите турски авиони биле протерани од страна на грчки авиони.