Турски војници во база на НАТО побараа азил во Германија

Неколкумина турски војници, сместени во базата на НАТО во Рамстеин во Германија поднеле молба за азил во земјата, соопшти раководителот на локалната администрација, јави ДПА.

Паул Јункер, раководителот на локалната администрација во Кајзерслаутерн, додаде дека членови на семејствата на војниците исто така поднеле барање за азил, но не ги откри деталите за тоа на колку такви случаи работата властите и кои се мотивите за молбите.

Десетици илјади државни службеници беа отпуштени од работа по неуспешниот обид за преврат во Турција, а над 35.000 лица беа упасени.

Армијата е подложена на особено строги проверки, откако фракција се обиде да ја заземе власта на 15 јули.

Од околу 5.000 војници, распоредени во базата на НАТО во Рамстеин, околу 30 се Турци.