Свет

Турски војник убиен при напад со автомобил бомба во Сирија

Турски војник убиен при напад со автомобил бомба во Сирија

Еден турски војник загина при напад со автомобил бомба во градот Ал Баб во северна Сирија, соопштија Вооружените сили на Турција.

Во извештајот на турската Армија се наведува и дека при престрелки во текот на вчерашниот ден биле убиени 11 терористи од групата Исламска држава (ИД).

Во документот уште се посочува дека воени авиони уништиле 52 цели на ИД во реонот на Ал Баб, што е под контрола на џихадистите.

Офанзивата е дел од операција „Еуфратски штит” на турската Армија во реоните околу турско-сириската граница, што започна пред четири месеци.