Балкан

Турскиот премиер Давутоглу поднесе оставка

Турскиот премиер  Давутоглу поднесе оставка
Давутоглу: Мислам дека Русија нема да ја прекине испораката на гас

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу попладнево поднесе оставка на функцијата во рамки на процедурата за избор на нова влада по неделните парламентарни избори, но ќе продолжи да ја извршува должнста се до изборот на нов владин кабинет, соопшти Кабинетот на претседателот на Турција, Реџеп Тајуп Ердоган.

На изборите во неделата конзервативната-исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) на Давутиглу освои најмногу гласови, но го загуби досегашното парламентрано мнозинство, со што прв пат по три изборни циклуси не е во можност сама да управува со земјата.

Аналитичарите во Анкара проценуваат дека во вакви услови АКП може да се обиде да договори коалиција со некоја од трите останати партии што освоија пратенички места во Парламентот, процес кој би можел да трае со недели, или да се обиде самата да формира малцинска влада, за што повоторно ќе и биде потребна поддршка од некоја од парламентарните партии.

Се очекува по објавувањето на конечните резултати од изборите, во текот на следната недела Ердоган да му даде мандат на Давутоглу да формира нова влада, со што официјално ќе почне 45-дневниот период во кој треба да биде избран владиниот Кабинет.

Лидерот на десничарска Партија на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели го услови формирањето владина коалиција со АКП, со нејзино откажување од идејата за промена на Уставот и зголемување на овластувањата за шефот на државата и со обновувањето на судскиот процес за корупција против неколкумина поранешни министри од редовите на Партијата на правдата и развојот.

Од друга страна, курдска Демократска партија на народите (ХДП) ја исклучи можноста за учество во каква било коалиција со АКП.

Во постизборната математика се споменува и можноста за коалиција на АКП со социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП), но таквата варијанта се смета како малку веројатна.

ЦХП би можела да коалицира со партијата на Бахчели, но за парламентарно мнозинство во таквата коалиција потребно е да учествува и ХДП. Но, за ваква коалиција потребно МХП да прифати сојуз со курдската ХДП, што, според турските аналитичари, е уште помалку веројатно.