Турскиот премиер во посета на Македонија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во рамки на посетата на Македонија денеска попладне ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на Владата на Турција ќе се сретне и со македонскиот премиер Никола Груевски.

Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција. Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес.