Турскиот претседател во посета на Албанија

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на 13 мај ќе допатува во официјална посета на Албанија, придружуван од група бизнисмени, јави дописникот на МИА.

Посетата се остварува точно по една година, кога најавената посета на Ердоган за 13 мај 2014 беше одложена поради рударската несреќа во Турција, во која загинаа 200 рудари.

За време на престојот во Тирана, Ердоган ќе има одвоени средби со неговиот колега Бујар Нишани, како и со премиерот Еди Рама а ќе учествува и на бизнис форум.

Веднаш по преземањето на мандатот, премиерот Рама ја прогласи Турција за стратешки партнер на Албанија.

За време на учесвото на еден бизнис форум во Истанбул, Рама ги повика турските инвеститори да вложуваат во Албанија, посебно во областа на туризмот

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.