Магазин

Турскиот театар – Скопје на Меѓународен фестивал во Турција

Турскиот театар – Скопје на Меѓународен фестивал во Турција

Турскиот театар од Скопје со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија на Александар Поповски денеска и утре ќе учествува на вториот Меѓународен театарски фестивал на балканските земји што се одржува во Бурса, Турција.

Во претставата настапуваат Атила Клинче, Сузан Акбелге, Тамер Ибрахим, Осман Али, Селпин Керим, Филиз Ахмет, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Неат Али, Ерман Шабан, Ријад Тахир, Салаетин Билал, Росана Стефанова и Сара Цветковска.

Во рамки на турнејата, Турскиот театар ќе учествува и на 17. Меѓународен театарски фестивал „Сабанџи“ во Адана каде ќе настапи на 30 и 31 март.