Турскиот заменик премиер: Резолуцијата за Геноцидот врз Ерменците е историска грешка!

Претставници на турската и на ерменската амбасада беа присутни за време на гласањето во Германскиот парламент за Резолуција за признавање на геноцидот врз Ерменците, пренесува „Раша Тудеј“.

Владејачката партија во Турција одговори со тоа што нагласи дека одлуката на германскиот парламент значајно ги наруши односите меѓу двете земји.

Турскиот заменик премиер Нуман Куртилмус рече дека резолуцијата е „историска грешка“.

Во последниот обид за да го промени мислењето на Германија, премиерот на Турција Бинали Јилдирим рече дека ќе биде „ирационално“ за Германскиот парламент да одобри таква резолуција, и дека тоа ќе го стави на тест пријателството меѓу двете држави.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веќе предупреди дека релациите помеѓу Анкара и Берлин ќе трпат последици, ако Германија го признае масовниот геноцид врз Ерменците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.