Турските набљудувачи стасаа на грчките острови

Турските набљудувачи пристигнаа на грчките острови Лезбос и Хиос со цел да помогнат во надгледувањето на спроведувањето на договорот за приливот на бегалци и мигранти во Европа.

Договорот вчера официјално стапи на сила, но неговата примена доцни.

Грчките власи настојуваат колку е можно побрзо да го применат договорот што минатата недела го постигнале ЕУ и Турција а кој предвидува брзо преместување на бегалците од Грција и другите европски земји, како и колективна депортација од грчките острови во Турција.

Според податоците од грчката влада бројот на мигранти во Грција денес надмсина 50.000 лица без позначајни промени во бројот на луѓето што секојдневно пристигнуваат, пренесува Б92, повикувајќи се на АП.

Според договорот, на мигрантите што од вчера пристигнуваат на грчките острови нема да им биде дозволено да го продолжат патот до Грција.

Грција сеуште очекува да пристигнат уште 2.300 европски експерти, вклучително и преведувачи, што би требало да помогнат во примената на договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.