Турските полицајки добија дозвола да носат хиџаб

Жените во турската полиција од денеска, првпат, ќе можат да носат хиџаб, кој ќе биде дел од нивните униформи, објавено е во Службен весник на Турција, а пренесе МИА.

На жените во полициските сили „ќе им биде овозможено да ја покријат главата со хиџаб“ под своите капи или беретки, се додека хиџабот е во иста боја како униформата и нема шари, се прецизира со одлуката која стапува во сила со објавувањето во Службен весник.

Турција ја укина забраната за носење хиџаб во универзитетските кампуси во 2010 година, за студентките во државните институции во 2013, а за ученичките во 2014 година.