четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 8

Турските сили ликвидираа најмалку 28 припадници на ИД

isis

Поврзани вести

Припадници на турската Армија вчера убиле најмалку 28 борци на групацијата Исламска држава во Сирија, како одговор на најновите напади врз турските погранични региони.

При стрелбата со артилериски и минофрлачки оган, биле погодени 58 цели на ИД.

Пет лица беа ранети во петокот, кога ракети истрелани од реон под контрола на ИД во Сирија, паднаа во турскиот пограничен град Килис, на околу 60 километри од Алепо.

Од јануари припадници на ИД извршија повеќе од 70 напади врз Килис, при што загинаа 21 лице, меѓу кои и деца.

Најчитани вести