Турските сили убиле околу 900 припадници на ИД

Турција, член на коалицијата што ја предводат САД, која се бори против ИД, убила од 9 јануари досега 492 терористи во воздушни напади, додека во ракетни напади се убиени уште 370 џихадисти.

Земјата, која во последно време доживеа повеќе терористички напади, за кои се смета дека се одговорни џихадистите, вклучувајќи ги и двата напади на бомбаши-самоубијци во Истанбул, се вклучи во воздушните удари на позициите на ИД во сирија, минатото лето.

Официјална Анкара започна со ударите по нападот на бомбашот-самоубиец во јули минатата година, во кој во пограничниот град Суруч загинаа 34 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.