Турските туристи повредени во сообраќајката кај Демир Хисар, пуштени на домашно лекување

Петте туристи од Турција кои вчера беа лесно повредени во сообраќајката што се случи на регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван, утрово се пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случи вчера околу 13.45 минути на патот Кичево -Демир Хисар кај селот Жван. Се судрија автобус со скопски таблички кој сообраќал на релација Кичево-Демир Хисар и товарно возило со приколка кое се движело кон Кичево. Автобусот превезувал туристи од Турција.