Економија

Турските туристи заинтересирани за патување во Македонија

Турските туристи заинтересирани за патување во Македонија
Луѓето сами приоѓаат со неверојатен интерес и желба да дознаат што повеќе за Македониј

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот е на саемот за туризам во Измир, Турција каде го претставува туристичкиот потенцијал на Република Македонија. Во следните три дена Aгенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе го претстави туристичкиот потенцијал и можности пред бројна публика и посетители.

 

,,На саемот за туризам во Измир досега остваривме бројни средби со потенцијални тур оператори, но очекувам бројот на тие средби да се расте со оглед на тоа дека се наоѓаме во државата од која што имаме најголем број на туристи и интерес за посета на Македонија. Луѓето сами приоѓаат со неверојатен интерес и желба да дознаат што повеќе за Македонија” рече Маја Глигоровска, портпарол на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

 

,,Секоја година интересот за посета на Република Македонија е се поголем. Скоро 38 отсто е зголемен бројот на туристи од Турција во Република Македонија, а очекувам тој број да расте во наредниот период благодарение на активностите кои ги преземаме тука. Оваа година потпишавме и договор со тур оператори заинтересирани за ски туризам, и за прв пат годинава ќе имаме организирани групи од Турција во Република Македонија,, изјави Алев Сулејман, економскиот промотор на Република Македонија во Измир.

 

Ова е второ по ред претставување на Република Македонија на саеми за туризам во Турција за оваа година. Саемот за туризам во Измир е последен од 17-те на број саеми на кои Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ја претстави Република Македонија во тековнава 2013 година.