Турските власти депортирале 3.300 осомничени џихадисти

Висок претставник изјави дека Турција депортирала 3.300 странци осомничени за врски со џихадистички групи, дел од нив припадници на ИД, и на други 41.000 странци има било забрането да влегуваат во државата.

Ибрахим Калан портпарол на претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека турски спец-тимови извршиле информативни разговори со 9.500 луѓе во врска со пристигнувањето во Турција.

На околу 2.000 од нив им било забрането да останат во државата. Тој додаде дека околу 2.770 осомничени меѓу кои 232 странци биле уапсени во полициски операции, а против 954 од нив е почнат судски процес.