Турските власти го укинаа полицискиот час во историскиот дел на Дијарбекир

Операциите на силите за безбедност против курдските бунтовници почнаа уште во декември, а главната цел беше квартот Сур, познат по древните ѕидини и градините Хевсел, кои се вклучени на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Властите соопштија денеска дека е укинат полицискиот час на неколку улици во историскиот кварт, откако е воспоставена безбедноста.

Турските сили за безбедност ги продолжуваат операциите против вооружени групи, поврзани со нелегалната Курдска работничка партија во југоисточниот дел на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.