Турските вооружени сили досега убиле речиси 1.300 војници на ИД

Турските вооружени сили убиле досега околу 1.300 војници на Исламската држава во Сирија и Ирак и уништиле голема количина на оружје и муниција на џихадистичката организација, соопшти началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, генералот Хулуси Акар, јавува БТА.

Началникот на турскиот генералштаб ги посочи тие податоци на конференцијата на началници на балканските земји.

Тој напомена, дека Турција ја прогласила ИД за терористичка огранизација во 2013 година и од тогаш извршува врз неа антитерористички дејствија.

Акар исто така нагласи дека сириската курдска Партија Демократска унија и сродните Сили за заштита на народот се разграноци во Сирија на Курдската работничка партија (ПКК)

Тој истакна дека врската и соработката меѓу двете организации се јавни.

Анкара смета дека партијата Демократска унија која е поврзана со ПКК е терористичка организација.