Турското МНР ги повика граѓаните да не патуваат во Русија

Турското Министерство за надворешни работи ги повика денеска турските граѓани да одложат секакви патувања во Русија, доколку не се обврзни, јави БТА. Тоа е уште еден чекор во ескалацијата на напнатоста меѓу Москва и Анкара, по соборувањето на рускиот бомбардер од турските военовоздухпловни сили.

Во соопштение на Министерството, се посочува дека поради тешкотиите, со кои се соочуваат турските државјани туристи и оние кои престојуваат во Русија, се советува да бидат одложени секакви патувања до таа земја, ако тие не се задолжителни.