Турското МНР ќе забрани мобилни за вработените

Турското министерство за надворешни работи ја разгледува мерката да ја забрани употребата на мобилни телефони во објектот на министерството, објави „Хуриет дејли њуз“.

Со овој чекор Министерството планира да ги зајакне мерките за безбедност во зградата, откако минатиот месец истекоа тајни информации од состанок на кои турските власти разговарале за воена интервенција во Сирија.

На дипломатите и на други вработени во Министерството,  нема да им биде дозволено да носат мобилни телефони, а донесено е одлука состаноците да се одржуваат во зони, каде што нема телефонска покриеност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.