петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 4

Турското Обвинителство објави налог за апсење на 84 академици

turcija

Поврзани вести

Турското Јавно обвинителство издаде налог за апсење на 84 академици, поради сомнеж за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого властите во Анкара го обвинуваат дека стои зад обидот за воен преврат во земјата на 15 јули.

Како што јавија турските едиуми, во операцијата за апсење на осомничените, која се спроведува во 17 провинции ширум Турција, досега се приведени 29 академици.

Најголемиот број од уапсените академици се варботени на Универзитетот „Селџук“, а меѓу нив е и поранешниот ректор Хакија Ѓокбел, пренесува МИА.

По неуспешниот обид за пуч, турските власти започнаа со обемна пресметка со лица осомничени за поврзаност со пучистите, при што беа отпуштени над 5.000 вработени во државните инститции, а уште околу 80.000 беа времено суспендирани од работа.

Пред неколку дена турскиот премиер Бинали Јилдирим соопшти дека во периодот од еден месец по обидот за преврат биле приведени 40.000 државни службеници, од кои на 20.335 им е одредена мерка притвор.

По доаѓањето на власт на Партијата на правдата и развојот (АКП) во 2002 година, голем број припадници на движењето на Ѓулен, кој тогаш беше еден од најблиските сојузници на турскиот претседател Реџеп Такип Ердоган, беа вработени во државните институции, па сега властите во Анкара ги обвинуваат дека формирале „паралена структура“ во државата со цел да ја урнат Владата.

Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, ги отфрла ваквите обвинувања на Анкара, вклучително и она дека е организатор на обидот за преврат. Анкара бара од Вашингтон да го екстрадира Ѓулен, но американските власти соопштија дека ќе го сторат тоа доколу добија недвосмислени докази дека проповедникот стои зад обидот за преврат.

Најчитани вести