Турското правосудство ќе бара од САД екстрадиција на Ѓулен

(Фетула Ѓулен)

Турскиот министер за правосудство Бекир Боздаг во понеделник ќе престојува во посета на американскиот колега Џеф Сешнс за да му ги претстави новите докази во обидот да ја издејствува екстрадицијата на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, а Турција го бара по обвинувањата дека неговото движење прави „паралелна структура“ во државата и го организирале неуспешниот обид за воен преврат од 15 јули 2016 година.

Турскиот министер за правосудство Бекир Бездиг во Вашингтон ќе се сретне со американскиот министер Џеф Сепнс, за да го побара апсењето и предавањето на Фетула Ѓулен, пренесе новинската агенција Anadolu,

Ѓулен, кој порано беше близок политички сојузник со турскиот претседател Рееп Тајип Ердоган а сега е неговиот најголем непријател, ги отфрла сите обвинувања, вклучително и дека стои зад обидот за ланскиот пуч кој го изведе фракција во турската армија. Тој дури смета дека Ердоган самиот го испровоцирал и режирал воениот удар за да има изговор да се пресмета со опозицијата.

Досега Вашингтон, особено администрацијата на претходниот претседател Барак Обама, ги отфрлаше материјалите коишто официјална Анкара ги приложуваше како докази кон барањето за екстрадиција на Ѓулен, оценувајќи ги недоволни. Сега министерот Боздаг во САД ќе однесе „нови докази дека Ѓулен стои зад пучот“, наведува агенцијата.

Турскиот претседател Ердоган најверојатно на 17 мај ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а се претпоставува дека меѓу другото ќе го постави и прашањето за екстрадицијата на Ѓулен.