Турција: Истрага за продажба на органи

Продавачите за бубрег бараат дури 54.000 евра, а често знаат да се пофалат дека нивниот „производ“ е во добра здравствена состојба.
„Сакам итно да го продадам бубрегот, бидејќи сум заглавен во долгови. Никогаш во животот не сум пиел алкохол“, гласа еден од огласувачите.
„Го продавам црниот дроб, бубрегот и коскената срцевина. Вежбам и шетам секојдневно“, е текстот на другиот оглас.
Огласите, како што се претпоставува, се поврзани со група која се занимавала со шверц на органи и илегално отстранувала и вршела трансплантација на бубрези во Турција, Египет, Индија, Иран и Ирак.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.