Со туширање против стрес

Туш кабината претворете ја во антистрес зона – докажано е дека повеќе се опуштаме кога се тушираме во мрак, затоа придушете го светлото, наместо светло запалете миризливи свеќи, внесете гранка свежа лаванда или рузмарин.

Вода ја елиминира негативната енергија, така што доколку сте напнати, можете да се нурнете во ароматична купка. Доколку немате толку време, можете и да се истуширате, претворајќи ја туш кабината во вистински спа.

Пеењето е одлично во борба против стресот, така што додека капки вода ви се лизгаат по телото, пејте ја омилената песна. А за полесно да го пуштите гласот, набавете сунѓер за капење во форма на микрофон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.