Туск: Ако за два месеци не се стави по контрола бегалската криза, ќе се случи колапс на Шенген

Европа нема повеќе од два месеца да ја стави бегалската криза под контрола или ќе се случи колапс на Шенген зоната, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Немаме повеќе од два месеца работите да ги ставиме под контрола, изјави Туск во Европскиот парламент и нагласи дека во спротивно – ќе се случи колапс на Шенген.

Туск смета дека ЕУ ќе „падне како политички проект“ доколку европскиот блок не воведе соодветна контрола врз своите надворешни граници.

Лани во Европа се регистрирани повеќе од милион бегалци.